Котева : Во градинките во Прилеп, незаконски, во ек на пандемија, им се продолжени договорите на 40-тина вработени до крајот на 2020

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Додека светот е на прагот на голема економска криза, СДС се расфрла со ненаменско трошење на народните пари. Сведоци сме дека трошат за луксуз, и тоа во денови кога голем дел од Македонците стравуваат за своето работно место, се плашат дали имаат доволно финансиски средства да го поминат месецот, а голем дел, за жал останаа и без финансиски приходи. Истакна на денешната прес конференција Снежана Котева, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„И додека секојдневно ги уверуваат вработените во администрацијата дека е неизбежно да им ги намалат платите и им прават ,,весела математика” како можат да преживеат со минимална плата, СДС прави и класичен поткуп на гласачи.

 

Поткупот не го реализираат само со делење на пакети со продукти без доказ за потеклото, туку и со склучување на договори на определено работно време.

 

Таков е случајот и во детските градинки „Наша иднина” во Прилеп. Сите знаеме дека градинките, заедно со училиштата не работат од 11.03.2020 год. поради пандемијата од Ковид-19.

 

Иако не работат, директорот Орце Тодоровски, им ги продолжи договорите на 40-тина вработени до крајот на 2020 година.

 

Јавно го прашуваме директорот на оваа јавна институција колку пари од џебот на родителите ќе потроши на овие вработувања?

 

Дали е свесен, дека со тоа прави груб прекршок на законите, затоа што смее да вработи најмногу 3 лица со договор на определено работно време?

 

Дали Тодороски е свесен дека со оваа постапка им дава лажна надеж на овие 40-тина лица, затоа што според нашите информации во градинките нема испразнети работни места?

 

Дали директоре не е безобразно и лудо од ваша страна да им ги празните џебовите на родителите за да ги платите партиските војници?

 

Директорот Орце Тодороски, заедно со градоначалникот Јованоски и Миле Талески, си поигруваат со судбината на овие луѓе, бидејќи нивните вработувања се спротивни на Законот. Ова е безобразлукот на СДСМ на кој навикнавме во изминатите 3 години!

 

Од една страна глумат загрижени хуманитарци и загрижени за економијата, а од друга страна печатат договори за вработувања во ек на пандемија“, истакна Котева.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи