Промовирањето на медиумската писменост и справување со лажните вести значи поттикнување на критичкото и аналитичкото размислување

 

ЛАГ Агро Лидер започна иницијатива за Промовирање на медиумската писменост и граѓански активизам во руралните средини со поддршка на Македонскиот Институт за медиуми во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за различности и медиуми од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.

 

 

Во рамките на проектот „Медиумска писменост и граѓански активизам во руралните средини“ денес (22.05) се одржа третиот и последен настан на тема „Медиумска писменост и справување со лажни вести“.  Настанот се одржа со млади во Прилеп.

 

„Во време кога постојано сме опкружени со различни медиуми, неопходно е да умееме како да се справиме со неконтролираниот наплив на информации. На луѓето, особено на младите им се потребни нови вештини и знаења за да можат да учествуваат во општствениот живот користејќи ги медиумите и новите информатички технологии. Граѓаните кои се медиумски писмени се свесни за содржината што ја користат, како ја нашле, кој ја направил и со која цел. Промовирањето на медиумската писменост  и справување со лажни вести значи поттикнување на критичкото и аналитичкото размислување и развој на граѓанска свесност. Демократско општество претпоставува непречено уживање на правото на слобода на говор и информирање, како предуслов за изразување на граѓаните и активно граѓанство. Луѓето во руралните средини, особено младите имаат голема потреба од медиумса писменост и умешност за справување со лажни вести”, истакна Даниела Цветаноска, ЛАГ Агро Лидер.

 

 

 

Оваа вест. е поддржана преку проектот „ Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести “, што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините во веста се единствена одговорност на авторот и на ЛАГ Агро Лидер, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.