Двајца новозаболени и петмина оздравени денеска во Прилеп од КОВИД-19

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во општина Прилеп денеска има петмина оздравени и двајца новозаболени од КОВИД-19. Од Центарот за јавно здравје-Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 208 лица позитивни на коронавирус, од кои 53 се активни.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 15 лица. Од нив 13 се позитивни на коронавирус, а заради потешка клиничка слика двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти. Едниот од нив е негативен на коронавирус, а на другиот му е земен брис и се чекаат резултати.

 

Во самоизолација се наоѓаат 85 лица. Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи