ВИДЕО – Еурокомпозитовци се заканија дека ќе влезат во фабриката и ќе започнат со продавање на машините за да преживеат

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Еурокомпозитовци со месеци се комплетно заборавени од државата. Немаат земено ниту денар од лани во декември, немаат здравствено осигурување, а воопшто не се опфатени ниту со најновите владини мерки за помош на стопанството. Се закануваат дека ако до понеделник не се реши нивниот случај дека ќе влезат во фабриката и ќе започнат со продавање на машините за да преживеат.

 

 

„Ние му даваме рок до петок, доколку никој нема слух решени сме да влеземе во фирмава, да почнеме да продаваме дел од машините и репроматеријалите. Далии ќе не затвораат или казнуваат, нивна работа, ние сме секако казнети сме решени понеделник да влеземе во фирмава и да продаваме за да прежиивееме. Во последниве три мерки од Владата ние не влегуваме нииту во една. Бараме јавно да излези Владата и да кажи зошто овие 60 вработени не влегуваат во ниту една од тие мерки“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на Еурокомпозит.

 

Истакнаа дека после денешата средба со директорот Милан Тоцев тие побарале оставка од него ии тој им рекол дека ја напушти функцијата затоа што немал никаква помош од Владата.

 

Оставката ја побаравме ние, видовме дека иако е тој 9 месеци директор ние и таа работа што ја имавме ја изгубивме. Тој ни рече дека ќе си поднесел оставка, Владата го оставила на цедило, ништо не му помогнала“, додаде Богданоски.

 

Дефинитивно оваа власт не мисли за вработените во Еурокомпозит, 6 месеци не лажат, еве сме без денар. Си прават егзибиции, си сменуваат директори. Ккој дојдии, укради, замини си. Еве и денеска новиот директор си дава оставка и не знаеме до каде ќе тераме вака. Владата иди кај нас само кога ќе има избори, ветуваат брда и долини, а од ветувањата ништо“, изјави Александар Бунтески, вработен во Еурокомпозит.

 

Се обидовме телефонски за оваа информација дали е така да добиеме потврда и и одговор и од директорот Милан Тоцев, но не можевме да го добиеме.

 

Исто така државата не го реализирала нивното барање за продолжување на договорот со МВР кој тие го склучиле во 2015 година, за производство на панцири. Доколку се реализирал истиот според вработените тие ќе имале плата за неколку месеци.

 

Тој трипартитен договор помеѓу „Футура Мода“ фирмата, МВР и Еурокомпозит. И денеска директорот ни рече дека од МВР никој не се јавувал да кажат дали го прифаќаат тоа или не. Така што и таа последна шанса која што ја имавме нешто да направиме и таа пропадна“, изјави Жарко Јорданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

Досега не се реализираше ниту договорот и ветувањето од Владата со кој таа се обврза да ги покрие неисплатените придонеси од 2012 година до денес, иако одлуката излезе и во Службен вецник.

 

На вработените не им се исплатени и околу 18 плати, а оние кои заминаа како технолошки вишок треба да добијат по уште околу 60.000 денари и за отпремнина.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video