16 нови случаи на коронавирус, 14 излекувани, 3 починати во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Во последните 24 часа регистрирани се 16 нови случаи на заболени од Ковид-19, како и 14 оздравени пациенти.

 

Распоредот на новозаболените по градови е С0копје-9, Штип-5, Струга-1 и Гостивар-1, додека од оздравените пациенти 3 лица се од Скопје, 11 од Тетово.

 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес на 78 годишна возраст, хоспитализирана на 14 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 84 години, примен во болница на 20 мај и 76-годишна пациентка од Скопје, примена на 19 мај.

 

Со тоа вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2014, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video