Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, додека четворица оздравеле од заразната болест.
Од Центарот за јавно здравје-Прилеп информираат дека од почетокот на пандемијата до денеска, регистрирани се вкупно 211 лица позитивни на КОВИД-19.
Во моментов има 44 активни случаи, од кои 27 се наоѓаат на домашно, а 17 лица на болничко лекување.
Од почетокот на пандемијата до денес, според Центарот за јавно здравје во Прилеп биле направени околу 1.000 тестови.
