ВИДЕО – Попоски: Прилепските кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески и Лашкоска го загрозуваат здравјето на граѓаните

Со своето неодговорно, несовесно и нехумано однесување, највисоките функционери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, претседателот и кандидат за пратеник Петар Ристески и актуелната пратеничка и кандидатка за нов мандат, Ане Лашкоска, ги кршат законите за заштита од коронавирусот и го загрозуваат здравјето на граѓаните, истакна на денешната прес конференција Филип Попоски, портпарол на ОО СДСМ – Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Од објавените фотографии на нивните фејсбук профили, од неколкуте вчерашни масовни собири, на кои присуствувале и двајцата,ј асно се гледа дека  Ристески и Лашкоска не ги почитувале мерките за забрана за групирање и носење на заштитна опрема на лицето.

 

Ваквото неодговорно однесување на Ристески и Лашкоска, на најдобар начин го отсликува лицемерниот пристап на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во битката со вирусот КОВИД-19.

 

Наспроти нивната наводна загриженост за здравјето на граѓаните и ширењето на коронавирусот, со своите неодговорни постапки функционерите на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат потенцијална опасност за ширење на заразата.

 

Од една страна преку социјалните мрежи и медиумите, функционерите на ДПМНЕ обвинуваат дека сме биле единствена земја од регионот во која бројот на заболени од коронавирус расте, а од друга страна истите тие ги кршат уредбите на Владата и директно придонесуваат за можно зголемување на бројот на заразени.

 

 

 

 

 

На ваквото однесување на Ристески и Лашкоска, се надоврзува и нивниот сопартиец и министер за внатрешни работи Наќе Ќулев, кој свесно не презеде ништо за да ги спречи масовните собири во време на полицискиот час.

 

Наместо да се стави во одбрана на интересот и здравјето на граѓаните, Наќе Чулев се стави во заштита на теснопартиските и личните интереси на Мицкоски и врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Го повикуваме Наќе Чулев, доследно да го спроведува законот и заради непочитување на уредбите на Владата да поднесе пријави против Ристески и Лашкоска.

 

Никој не смее да биде над законите, уште помалку да ги загрозува здравјето и животите на граѓаните на нашата држава“, потенцираше Попоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.