Во прилепската болница пристигна донацијата на турскиот бизнисмен со македонско потекло, Насер Алим, вредна 65.000 евра

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска во општата болница во Прилеп пристигна донацијата вредна 65.000 евра од турскиот бизнисмен со македонско потекло Насер Алим. Донација се состои од 10 кревети за интензивна нега, 20 обични кревети, маси за пациентите, кревет за итна ургентна реакција, носилки, како и болнички колички за инвалиди и неподвижни пациенти.

 

 

„Јас сум роден во Македонија, сега живеам и работам во Турција, но родниот крај е роден крај, ние никогаш не го забораваме и секогаш сме тука присутни, ако не физички, со нашите мисли секако. Сите луѓе кои живеат во тој регион имаат максимално право на најдобра медицинска заштита. Овие денови сега се денови на солидарност и денови на борба против Ковид 19. Утре ќе се избориме со оваа болест, но ќе дојдат и други проблеми, затоа ние мора да ги осовременуваме болниците за да можат тука вработените лекари и медицински сестри да имаат добри услови за работа, но и пациентите да ја добијат потребната здравствена заштита.

 

Јас сакам да запалам еден пламен, да направам еден потег, за да видат сите наши бизнисмени, дали живеат во прилепскиот регион или во странство да направат и тие нешто добро за својот народот.

 

Исто така Македонија е и во фокусот за инвестиции на нашата компанија и во наредните 2 години планираме неколку проекти за инвестиции. Едната наша компанија е за производство на мебел, а другата за енергија. Планираме да инвестираме во два вида на производство на енергија во Македонија, соларна енергија и другата е хидро енергија“, истакна претходно во интервју за Инфо Компас, бизнисменот Насер Алим.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video