Што ни е потребно: македонски или скандинавски модел на образование!?

Колумна на м-р Гоце Бумбароски, наставник по одделенска настава во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп за порталот ДЕЦА.МК

 

Велиме дека целта на образовниот систем е да всади љубопитност, имагинација, иновација, самоиницијативност и претприемачки дух и да им помогне на децата да развијат другарство. Ако е така, тогаш моделот во кој наставникот пренесува одредени информации, а ученикот ги повторува по него, треба веднаш да се напушти и да се воведе модел што ги стимулира учениците да откриваат и создаваат свои информации.

 

Македонија треба да ги подготвува сите деца/ученици за работа, за придонес кон заедничкото добро и за активно граѓанство.

 

Првиот сегмент што може да влијае врз тоа да ги задржиме младите во државата е образованието.

 

Па да почнеме.

 

Според мене, неопходно е во основно образование одделенијата да бидат до 15-16 ученици. Тоа ќе им овозможи да развијат поголеми другарски односи меѓу себе, а и поблизок однос со наставникот. Па така, на пример, на часовите по предметите од областа на природните науки ќе може секој од нив да спроведе одреден експеримент.

 

Во почетните одделенија на основно образование детето треба да се подготви за учење и да му се помогне да ја најде својата страст, својата пасија, интерес. Не треба да се кажува дека некој е слаб ученик или дека не го бидува за ништо. Најважно е да се лоцира проблемот, доколку го има, и да му се помогне во учењето. Така на учениците ќе им се даде можност да развијат сопствен начин на учење.

 

Доколку некој ученик покажува тешкотии во учењето, треба да се ангажираат повеќе наставници што ќе работат со него за да видат каде лежи проблемот, а потоа и да најдат начин да му помогнат да научи.

 

Исто така, учениците во пониските одделенија од основно училиште не треба да добиваат домашни задачи. А во повисоките одделенија, пак, кога ќе почнат да ја добиваат, таа не треба да е обемна и нејзината изработка да не преминува повеќе од 5 училишни часа неделно. Со тоа учениците ќе можат да имаат време за слободни активности за добро да се развиваат.

 

Целиот текст прочитајте го тука ДЕЦА.МК

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи