Заштитата на децата – предизвик за нашата земја, регионот и светот

Првиот ден од јуни во многу земји, па и кај нас е прогласен за Меѓународен ден за заштита на децата. Одбележувањето на овој ден е добра прилика да се актуелизираат предизвиците со кои се соочуваме во оваа област, да се мобилизираат граѓанскиот и јавниот сектор за да ја разбудат политичката војла за наоѓање на идејни решенија за напредок во заштитата на децата.

 

Заштитата на децата треба да  е приоритет, но и покрај правните регулативи и закони, реалноста покажува сосем друга состојба. Секојдневно сме сведоци на настани на повредување на правата на детето, нееднакви можности, дискриминации, злоупотреби, социјална ексклузија, ограничен пристап до услуги за грижа на децата лишени од родителска грижа, децата од ромската заедница, децата со посебни потреби и децата кои живеат и работат на улица…

 

Секоја држава креира мерки и програми за заштита на децата преку обезбедување на услови и ниво на животен стандард што одговара на физичкиот, менталниот, емоционалниот, моралниот и социјалниот развој на децата,.  Но, дали овие услови се обезбедени еднакво за секое дете?  Дали постои индивидуална и колективна свесност за значењето на заштитата на детето? Затајува ли некаде институционалната поддршка и одговорност? Како ќе се надминат идентификуваните проблеми?…

 

Многу прашања, а одговорите се во секој од нас.

 

На нас останува да ја јакнеме општествената свест, да се бориме за воспоставување на правна пракса и теорија за заштита на децата, да градиме општества каде грижата и благосостојбата на децата се приоритет, да градиме свет на среќни деца зошто дека нашата сегашност и нашата иднина се децата.

 

Време е да почнеме да ја издигнуваме заштитата на децата, и да ги прославуваме достигнувањата на човештвото, зашто „Децата се највредниот ресурс на светот и најдобратa надеж за иднината” (Џон Ф. Кенеди).

 

Автор : Мрежа на ЛАГови

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.