Филипче: 67 новозаболени, 25 оздравени и еден починат во последните 24 часа

 

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека од 868 направени тестирања има 67 позитивни пациенти на Ковид 19. Исто така додаде дека во последните 24 часа има 25 оздравени пациенти, како и еден починат.

 

Се уште не се излезени официјалните бројки по општини и градови, затоа што како што објасни Филипче се чекале резултати од една приватна болница.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.