Зибери : 90 проценти од новозаболените во Скопје потекнуваат од 15 фамилии

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од новопотврдените 59 заболени од COVID-19 во Скопје, најмногу се во Чаир – 12 и во Центар и Бутел по 10, информира директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.

 

По пет новозаболени има во Аеродром и во Гази Баба, по тројца во Кисела Вода и Сарај, двајца во Карпош, и по еден во Петровец, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Студеничани. Останатите потврдени во Скопје не пријавиле адреси на живеење.

 

Според Зибери, најголемиот број на заразени во Скопје се членови на исти семејства. Регистрирани се 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од новозаболените во градот. Статиститката покажува дека најголемиот број од новозаболените се заразиле преку одење на гости, ручеци и вечери, односно преку поголеми собири.

 

Зибери кажа и дека одреден број од анкетираните контакти или заболени не им даваат точни информации на епидемиолозите.

 

„Многу често ни даваат лажни податоци, многу е важно луѓето да соработуваат и да бидат искрени во одговорите затоа што така побрзо ќе ги најдеме контактите и ќе ги тестираме луѓето“, рече Зибери.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video