Катица Јанева се соблекла по гаќи во Државниот завод за ревизија

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е обвинета во случајот „Рекет“ и која денеска од куќен притвор беше спроведена во Државниот завод за ревизија да даде изјава за надоместоците што се земаа во Специјалното јавно обвинителство, наместо изјава се соблекла таму во долна облека.

 

Поради однесувањето на поранешната обвинителка бил направен записник и констатиран прекршок кој одбила да го потпише и прими.

 

Според пријавата во МВР, настанот се случил утринава во 10.30 часот, кога откако била однесена во зградата на ДЗР, таа се однесувала дрско и непристојно. Во еден момент, според пријавата, таа таму се соблекла по долна облека.

 

Според официјалната изјава од Заводот, Јанева не била повикана поради предистрагата што најави дека ќе ја отвори обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска за законитоста на додатоците и надоместоците на платите на поранешните специјални обвинители.

 

Неофицијално, на Јанева сабајлево ѝ затропала полиција на врата и без покана, по судска наредба била однесена во Државниот завод за ревизија. Таму ја чекала наводно обвинителката од организиран криминал Ивана Трајчева. Јанева се почувствувала дека е киднапирана, бидејќи немала ни покана за сослушување во истрага, ниту ѝ бил покажан судски налог, односно одобрение од Основниот кривичен суд таа да го напушти домот и да биде однесена на распит во ДЗР.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.