Мухамед Зекири, неговата сопруга и ќерка се хоспитализирани на Инфективната клиника

Министерот Венко Филипче во одговор на новинарско прашање потврди дека потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечната ќерка кои се позитивни на Ковид-19 се хоспитализирани. Тие се наоѓаат на Инфективната клиника во Скопје.

 

„Тие се во добра здравствена состојба, стабилна форма на болеста, само со висока температура“, рече Филипче.

 

Се тестираат не само јавните личности, сопартијци, новинари и функционери со кои се среќавал и разговарал Зекири, туку сите што биле во контакт со него. Три четвртини од луѓето од тој кластер се тестирани, кажа Филипче.

 

На новинарско прашање, тој исто така кажа дека не знае за нечија друга хоспитализација од овој кластер, освен на тричленото семејство Зекири.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.