ВИДЕО – Јованоски : Граѓаните максимално да ги почитуваат мерките, а институциите поодговорно да ги контролираат состојбите

Игнорирањето на коронавирусот и негирањето дека тој постои нема да помогне во надминување на состојбата и намалување на бројот на заразени. Впрочем, бројките на новоинфицирани со ковид-19 во неколку општини во нашата држава покажуваат дека вирусот е присутен и дека е опасен. Истакна на денешната прес конференција градоначалникот на Прилеп, Илија Јваноски.

 

 

„Секаде во светот постојат истите мерки за заштита на населението и намалување на ширењето на заразата. Почитувањето на мерките, носењето на заштитни маски, држењето дистанца, личната хигиена и дезинфекција остануваат единствениот начин, единствениот механизам со кој може да се заштитиме како поединци и како општество воопшто.

 

Граѓаните кои се одговорни и доследно се придржуваат до мерките нека бидат пример за останатите. Здравствените работници не можат сами да се изборат со коронавирусот. Само преку доследно почитување на мерките ќе може да спречиме ширење на коронавирусот и да ја задржиме состојбата под контрола. Тоа е единствениот ефикасен начин и зависи само од нашето однесување.

 

Затоа апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за лична заштита, да ги почитуваат протоколите за движење и држење дистанца.Ги повикувам надлежните институции поодговорно да ги контролираат состојбите, почитувањето на мерките, тоа е начинот да го спречиме ширењето на вирусот и да се заштитиме себе си“, рече Јованоски.

 

 

Општина Прилеп ќе продолжела со спроведувањето на сите неопходни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

 

 

„Во таа насока, во соработка со ЈКП Пазари, саботниот пазарен ден ќе биде спроведен согласно сите протоколи за заштита од коронавирусот. Работното време на пазарот ќе биде од 7 до 14 часот. На секој од 5-те влеза на пазарот ќе бидат поставени средства за дезинфекција, ќе има редарска служба и на сите купувачи кои немаат заштитни маски ќе им бидат доделени на влезовите. Ниту еден граѓанин без заштитна маска нема да биде пуштен во градскиот пазар.

 

Имајќи ја во предвид одлуката на Владата за забрана на посета на гробиштата на територијата на цела држава, која ќе важи од денеска од 21 часот до понеделник до 05 часот, во координација со ОВР Прилеп и ЈКП Комуналец ќе ги превземиме сите потребни активности за во целост да биде испочитувана и спроведена владината мерка.

 

Што се однесува до останатите мерки кои треба да бидат реализирани во текот на продолжениот викенд, сакам да ги информирам земјоделците дека е дозволено движење во рамките на територијата, атарот на селата, исклучително само за земјоделски активности“, рече Јованоски.

 

Инаку на сила остануваат во важење сите издадени дозволи за движење во време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работата организирана во смени.

 

Забрана за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.