Кина ѝ донира на Македонија 2.000 трослојни заштитни маски

 

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска прими донација од Кина наменета за превенција од Ковид 19 и која се состои од 2.000 трислојни заштитни маски.

 

„Како што е познато, Народна Република Кина веќе испорача поголема количина на заштитна опрема и други медицински материјали против Ковид-19, а за истатата намена од фондот на Амбасадата на Народна Република Кина беше издвоена и директна финансиска помош за Министерството за здравство на Република Северна Македонија“, соопштија од МНР.

 

Жерновски на средбата со кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо, кој ја предаде донацијата,  размениле мислења за актуелните состојби во двете земји и во поширок контекст во однос на пандемијата и високо ја оценија досегашната меѓусебна соработка на овој план. Договорено е продолжување на контактите и на активностите на билатерелна основа, а потенцирана е и неопходноста од засилување на меѓународната соработка и солидарноста во насока на целосно сузбивање на оваа закана со која се соочува светот.

 

„Ние, како Влада и како држава, правиме се’ за да го заштитиме колективното здравје. Животот се промени радикално, целиот свет живее во нова реалност. Заканата со која се соочуваме ни покажува колку сме ранливи и колку многу сме зависни од однесувањето на едни кон други. Нo, со самото тоа, сосема е јасно дека и одговорот на оваа закана е да останеме заедно во битката против оваа опасност. Затоа, и’ благодарам на Народна Република Кина за секој гест на поддршка која ја добиваме уште од почетокот на оваа криза“, изјави Жерновски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.