Тачи: Османи и ИВЗ се одговорни за ситуацијава, направија притисок да се отворат џамиите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи на денешната прес конференција изјави дека за моменталната ситуација со коронавирусот во државава постои индивидуална одговорност кај Бујар Османи и претходната и сегашната Исламска верска заедница кои направија огромен притисок да се отворат џамиите за Бајрам.

 

„Не можеме да ги прифатиме квалификациите оти Албанците се познати во Македонија кои не ги почитуваат правилата на институциите во врска со пандемијата затоа што имаме статистика и конкретни цифри кои укажуваат дека ние Албанците со заедно со другите граѓани успеавме 90 дена да се бориме многу убаво со пандемијата. Тие што сакаат да печалат политички поени, а и сегашната Исламска верска заедница материјални добивки, за тоа што правеа огромен притисок треба да се чувствуваат сега одговорни. Тие се единствените одговорни за оваа ситуација“, рече Мендух Тачи.

 

Апелираше и понатаму да се почитуваат правилата за спречување на ширење на коронавирусот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video