Ахмети : Време е за првиот Албанец премиер

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Aли Ахмети во својата честитка по повод 18-годишнина од оснoвањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ) нагласува дека следна цел во нивната политичката агенда ќе биде да го постават првиот Албанец премиер.

 

„18 години бевме заедно во секој предизвик со кој се соочивме, во безброј процеси за постигнување потполна рамноправност, за целосна интеграција во НАТО и ЕУ, за подобрување на животниот стандард, за обезбедување на иднината на нашата младина и на сите нас“, нагласува Ахмети.

 

Тој посочува дека денес земјата е полноправна членка на НАТО и преговара со Европската Унија за полноправно членство, а Албанците имаат јазична рамноправност со три универзитети на албански јазик, со училишта, болници, градинки и институции.

 

„Раководевме како Албанци и граѓани на оваа држава со Собранието, Министертвото за одбрана и за внатрешни работи, Народниот правобранител и Државниот правобранител, Врховниот и Уставниот суд, но сега дојде време за нешто поголемо. Оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори и да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој којшто ќе го избереме заедно, за првиот Албанец премиер на земјава“, се вели во пораката на Ахмети.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video