ВИДЕО – Ѓорѓиоски: Донесовме силни економски мерки за равој на македонска економија и надминување на кризата

Третиот пакет на економски мерки, во вредност од 355 милиони евра, со директна финансиска поддршка ќе ја зголеми куповната моќ на 730.000 корисници и ќе им го олесни животот во време на оваа криза. Истакна на денешната прес конференција Александар Ѓорѓиоски, претседател на ЛК СДММ – Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ефектите од овој нов пакет економски мерки, ќе ги осетат сите граѓани и многу дејности во економијата. Дополнително, ќе се зајакне потрошувачка на домашни производи и ќе се придвижи македонската економија. Секој треба и секој ќе добие поддршка!

 

Невработените лица и примателите на социјална помош, ќе добијат парична помош на домашна платежна картичка од 9.000 денари

 

Сите вработени со примања до 15.000 денари месечно, ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и картичка за купување домашни производи од 3.000 денари

 

Студентите и средношколците ќе добијат парична поддршка од по 6.000 денари за покривање на партиципација и сместување, како и домашна платежна картичка од 3.000 денари.

 

Даваме и директна поддршка на македонското стопанство, за иновативност, развој, зачувување на постојните и отворање на нови работни места.

 

Со 25 милиони евра ќе им се помогне на домашните компании за освојување на нови пазари, зголемување на нивната конкурентност и модернизација на процесите на работа и производство.

 

Силна поддршка добиваат и земјоделците, за да остварат нови приходи од плодната македонска земја. Аграрниот сектор го поддржуваме со 5 милиони евра преку Развојната банка!

 

Субвенционирањето на потрошувачката на „зелена нафта“ го зголемивме на 50 отсто. Ќе овозможиме окрупнување на земјоделското земјиште и долгорочен закуп на пасишта.

 

Земјоделците добиваат максимална поддршка за производство и инвестиции, бидејќи токму овој сектор во периодот што следува ќе има голем удел во заживувањето на нашата економија“, рече Ѓорѓиоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.