Петреска: Проектите на СДСМ траат само за пред камера, новите игралишта и патишта имаат само неколку сантиметри асфалт

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Новото игралиште на Илија Јованоски во ООУ „Рампо Левката” во Прилеп траеше само неколку месеци, а сега веројатно ќе го претворат во тревник, бидејќи друго логично објаснување за ова нема. Истакна на денешната прес конфереција Теодора Петреска, член на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Ова е типичен пример за тоа како се трошат парите на граѓаните во општина Прилеп на проекти  кои траат само за пред камера. На оваа фотографија е прикажан така наречениот нов пат кој ги поврзува населените места Кадино Село и Галичани. Срамно и понижувачки за жителите од овие две населени места. Сугарески и Јованоски се фалат дека направиле нов пат со дебелина на асфалтот од 5-6 цм. Вака не се решава проблем и на овој начин за неколку месеци ќе никнат нови кратери на патот, а граѓаните одново ќе се соочуваат со истите потешкотии“, рече Петреска.

 

Таа запраша дали милионските суми со кои власта се расфрлала пред јавноста се трошеле  за асфалтирање на патишта и улици со неколку сантиметри дебелина, или пак дел од тие пари завршувале можеби во нечии приватни џебови?

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video