Почина уште еден 73 годишен прилепчанец од корона вирус, денеска има и еден новозаболен

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Како последица на коронавирусот денеска почина едно лице на 73 годишна возраст од Прилеп, има еден случај на новозаболен од Ковид 19, а две лица оздравеле од заразната болест.

 

Бројот на активни случаи со Ковид 19 во Прилеп изнесува 29. Од нив, 21 лице се наоѓа на домашно лекување, тројца се хоспитализирани во Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, а петмина се наоѓаат во Клиниката за инфективни болести и во Градската општа болница „8.Септември“ во Скопје;

 

Во самоизолација се наоѓаат 42 лица. Заради неносење на заштитни маски, на 18 граѓани име се изречени прекршочни пријави.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video