Изминатиот викенд имало 622 прекршувања на полицискиот час, 1.777 прекршувања за неносење на заштитна опрема

 

Од четвртокот од 21 часот до денес до 05 часот на територијата на целата држава, МВР регистрирала вкупно 622 прекршувања на полицискиот час, а најголем дел 340 се на територијата на СВР Скопје.

 

Вкупно до сега констатирани се 5.397 прекршување на одлуките за ограничување на движење.

 

За непочитување на уредбата за носење лична заштитна опрема констатирани се 1.777 непочитување и тоа најмногу во СВР Струмица, каде има 417 непочитувања и на територијата на СВР Охрид 356.

 

Вкупно досега за неносење заштитна лична опрема има 8.188 непочитувања.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.