Започна партерното уредување на спортската сала во Крушево

 

 

Во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност и пот-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија и општина Крушево се врши партерно уредување на спортската сала.

 

Паралелно покрај партерното уредување во спортската сала ќе се поставува систем за греење и ладење, а досега салата целосно се реконструираше, се прошири нејзината намена и се набави опрема за повеќе спортови.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи