Златески: Јованоски и СДСМ излажаа се што ветија пред граѓаните и спортистите во Прилеп

Денеска се наоѓаме пред стадионот во паркот на Могилата на непобедените, кој за жал е целосно запустен и руиниран, како резултат на негрижата на локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски. Истакна на денешната прес конфереција  Никола Златески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Искршени столчиња, уништен тревник, од стадион на кој се одигруваа фудбалски натпревари, полека се претвора во нива. А што друго да се очекува од градоначалник и власт кои многу ветуваа, а ништо не исполнија? Градоначалникот кој важи за еден од најнеспособните во Македонија, за развојот на спортот ветуваше изградба на нова спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски”, ставање во функција на Универзалната сала преку јавно приватно партнерство и целосно реновирање на поранешната Соколана. Јованоски лажеше и за изградбата на спортски игралишта во повеќе населби во Прилеп, лажеше за изградба на спортско-рекреативен центар кај Вештачкото езеро, а сеуште нема ниту шајка закоено за ветениот затворен базен“ рече Златески, кој нагласи дека Јованоски и СДСМ излажаа се што кажаа пред граѓаните и спортистите во Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи