ИПИС: Граѓаните сѐ понезадоволни од справувањето на власта со коронакризата

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Граѓаните се сѐ понезадоволни за тоа како власта се справува со корона вирусот. Ова го покажува најновата анкета на Институот за политички истражувања во Скопје.

 

Според анкетата над 30 отсто од граѓаните не се задоволни од работата на надлежните. На прашањето Дали сте задоволни од досегашната работа на надлежните во справување со корона вирусот, 32% дале негативен одговор, наспроти 17,2% кои кажале дека се задоволни. За разлика од овој негативен тренд, во април скоро 40 отсто од граѓаните биле задоволни од справувањето со епидемијата.

 

Во споредба со земјите од регионот, 48,3% одговориле дека Македонија полошо се справува со кризата, 28,4% рекле дека исто се справува, а за 7,4 отсто земјава подобро се справува. И тука е видлива разликата во оценката на испитаниците во споредба со април кога 23,6% сметале дека земјава подобро се справува со кризата од земјите во регионот, а 17,1% биле на став дека била полоша.

 

Податоците од најновата анкета на ИПИС говорат дека 40,2 % се согласиле дека е подобро да има избори на крај на август или септември за да се намали ризикот од новозаразени и да се обезбеди поголема излезеност, додека 24,8% сметаат дека е подобро да има избори на почетокот на јуни за да има целосно функционални институции.

 

Истражувањето е спроведено помеѓу 2 и 3 јуни 2020 врз 1100 испитаници на ниво на цела држава.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи