ВИДЕО – Готова реконструкцијата и на втората тротоарна површина на дел од бул. „Гоце Делчев“

Се реконструираше и втората тротоарна површина на дел од булеварот „Гоце Делчев“ на потегот од поранешна Градска кафеана па се до раскрсницата со улицата „Браќа Ламески“. Претходно се реконструираше тротоарот од другата страна на овој дел од главната сообраќајна артерија во Прилеп.

 

Инаку реконструкцијата на булеварот започна во февруари. Истиот се планира да биде реконструиран во должина од 560 метра, од потегот на  раскрсницата со улицата „Браќа Ламески“, кај споменикот Карпалак па се до маркетот „Тинекс“. Освен булеварот ќе се реконструира и улицата „Прилепски бранители“ во должина од 280 метри започнувајќи од раскрсницата кај поранешна Градска кафеана па се до кружниот тек кај Поштата. Изведувач на работите е компанијата „Изофас“.

 

Погледнете како течеше реконструкцијата на втората страна на тротоарот на овој дел од булеварот „Гоце Делчев“.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.