Во Прилеп денеска нема нови случаи на коронавирус, две лица оздравеле

Во општина Прилеп денеска нема нови случаи на заболени од коронавирус, а од заразната болест оздравеле две лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 25, од кои 20 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување. Вкупниот број на заболени од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата изнесува 218.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 3 лица позитивни на коронавирус, додека на две лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултати.

 

Во самоизолација се наоѓаат 28 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 48 граѓани им биле изречени прекршочни казни.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи