Бремена докторка на пораѓање криела дека има свекор со ковид-19

 

Бремена докторка викендов отишла да се пораѓа на Гинеколошката клиника во Скопје, без притоа да извести дека има свекор кој е заболен од ковид-19. Била сместена во соба со уште две родилки, во дел од одделението каде се примаат пациенти кои не се заразени со коронавирус.

 

По некое време докторката ја препознала колешка, која на вработените на Клиниката им открила дека родилката има позитивен на ковид-19 во семејството. Кога и било кажано дека мора да направи тест за корона, докторката заминала да се породи во приватна болница.

 

По породувањето развила симптоми, по што била тестирана и излегла позитивна на ковид-19, поради што е префрлена во одделот за изолација на Инфективната клиника во Скопје. Во изолација се и двете пациентки со кои првично била сместена докторката, како и три медицински сестри. Но во изолација се и 15 медицински лица од приватната болница.

 

Во врска со овој случај се очекува да се изјасни и Лекарската комора.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.