ВИДЕО – Талевски: Со реконструкцијата на градскиот булевар „Гоце Делчев“, ја заживуваме економијата во услови на криза

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Кризата со коронавирусот, ни даде можност да видиме од колкаво значење е изградбата на инфраструктурата за справување со економските последици од коронвирусот. Затоа, и во вакви вонредни околности, со забрзана динамика ги реализираме капиталните инфраструктурни проекти во општина Прилеп, потенцираше на денешната прес конференција Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ – Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Со реконструкцијата на градскиот булевар „Гоце Делчев“ од потегот кај споменикот „Карпалак“ до раскрсницата кај маркет „Тинекс“, како и на делот од улицата „Прилепски бранители“, чија изградба е во полн ек, го исполнуваме дадениот збор и комплетно го менуваме ликот на централното градско подрачје.

 

Старите и руинирани асфалтни тротоари, сега добиваат импозантен лик и се обновуваат со нови гранитни плочки, на кои наскоро ќе биде поставена и нова урбана опрема.

 

За безбедно движење на слепите лица, изградени се тактилни траки на пешачките зони, а на двете страни од булеварот ќе има велосипедски патеки.

 

Новиот градски булевар, ќе има четири коловозни ленти, односно две во едниот правец и две во другиот, кои меѓусебно ќе бидат одделени со зелен појас, во кој ќе биде поставено ново осветлување.

 

За прв пат во градот ќе биде поставена хоризонтална светлечка сообраќајна сигнализација, на долниот дел од пешачките зебри на булеварот.

 

Благодарение на одговорниот пристап на градоначалникот Илија Јованоски и локалната власт предводена од СДСМ, со оваа капитална инвестиција во вредност од 60.000.000 денари, како и со целокупната градежна офанзива која се случува во општината, ја движиме економијата во услови на криза и го подобруваме животот на граѓаните.

 

Наследивме руинирана држава, во која криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ расипнички ги трошеше народните пари на барокни фасади, додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа.

 

Ние имаме спротивен пристап,  Европски пристап. Инвестираме во најнеопходните работи за современа држава – инфраструктурата. Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните“, истакна Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video