Денеска 7 починати од коронавирус и нови 125 заболени од направени 1019 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во:

 

Скопје-89,
Куманово-4,
Штип-2,
Прилеп-2,
Тетово-11,
Струга-3,
Велес-1,
Охрид-8,
Гостивар-1,
Струмица-2,
Кичево-1
Ресен-1.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-1 и Велес-4. Починаа 7 лица, тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга.

 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

 

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.