Нема нов полициски час, прекршување на изолација ќе води во карантин на ваша сметка

 

 

Владата на вчерашната седница, спротивно од препораките на Комисијата за заразни болести за воведување полициски час од 22 до 5 часот претстојнава седмица, одлучи да се воведат засилени контроли и мониторинг во критичните општини и во Скопје каде има поголем број на заболени.

 

„Предлогот за воведување рестриктивни мерки ќе биде повторно разгледан во Комисијата за заразни болести. Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи и инспекторатите да изготват посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапувањето на мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки“, соопшти владината прес служба.

 

Ќе се засилува и контролата на лицата во изолација, кои задолжително ќе треба да ја инсталираат апликацијата Стоп Корона, а сите оние што ќе го прекршат решението за изолација или ќе дадат лажни контакти ќе одат во државен карантин на нивна сметка.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.