По 34 години Шведска го идентификуваше убиецот на премиерот Улоф Палме во 1986-та година

 

 

Шведска ја сопре истрагата за нерешеното убиство на премиерот Улоф Палме, кој беше убиен во центарот на Стокхолм пред 34 години. Државното обвинителство соопшти дека Стиг Енгстром е најверојатно убиецот, но бидејќи тој почина во 2000 година, случајот се затвора.

 

Улоф Палме на кобната вечер на 28 февруари 1986 година излегол во кино во Стокхолм со својата фамилија, но без обезбедување, при што бил убиен со пиштол пред својата сопруга.

 

Петерсон рекол дека Енгстром имал многу негативни емоции кон Палме и неговите политики. Енгстром бил на местото на убиството и краток период бил сметан за осомничен. Неколку сведоци дале опис за човек налик Енгстром, кој бегал од самото место, додека други навеле дека тој воопшто не бил на местото на убиството.

 

Лизбет Палме, која била повредена во нападот, подоцна како убиец го идентификувала зависникот од дрога и алкохол Кристер Патерсон, кој потоа бил осуден за убиството на премиерот, но пресудата била поништена бидејќи полицијата не доставила материјални докази против него. Патерсон починал во 2004-та година.

 

Палме бил познат по своите левичарски ставов.За неговото убиство биле осомничени повеќе од 100 лица, а случајот го и следеле бројни теории на заговор. Тие тргале од тоа дека во атентатот биле вклучени или странски разузнавачки служби или десничари во редовите на шведската полиција.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.