Со прелет на воздухопловите на АРМ одбележан Денот на воздухопловниот ВИНГ

 

 

Со прелет на воздухопловите на АРМ беше обележан 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ.

 

Надлетувањето го изведе групата формирана од три хеликоптери Ми-17 , два хеликоптера Ми-24, два хеликоптери Bell-206 и два авиони ZLIN-242L.

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, честитајќи го Денот на воздухопловниот ВИНГ посочи дека целта е да се подобрат условите за работа во Воздухопловниот ВИНГ и да се намали разликата во капацитети и опрема со останатите членки на НАТО.

 

„Успеавме сериозно да ги зголемиме приходите на сите припадници во воздухопловниот ВИНГ кои се специјализирани во делот на воздухопловство. Ми беше задоволство што успеавме некои поранешни припадници да ги вратиме во составот на Армијата, но и на сите помлади и поискусни да им обезбедиме плати кои беа зголемени меѓу 30 и 60 проценти, или искажано во суми некои надминуваат и 100.000 денари, што се едни од највисоките примања во Армијата. Зголемување на платите има и кај професионалните војници кои пред три години имале месечни примања од 30.000 денари а сега околу 46.000 денари, и секој повисок чин значи уште поголема разлика во месечните примања сега и пред три години“, посочи Шекеринска.

 

Воздухопловната единица ВИНГ постои 28 години, а годинава својот роденден го прославува за првпат како армиска единица на земја членка на НАТО.

 

Свеченоста беше збогатена и со прелет на два  Ф-16 авиони од мисијата Air policing реализирана од страна на воената авијација на Република Грција.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.