Чантурија потпиша за Прилеп

Повратникот во Супер лигата, Прилеп, после засилувањето на тренерската позиција со назначувањето на Горан Кузманоски за предводник на тимот добива големо засилување и во играчкиот кадар во репрезентативецот на Грузија, Реваз Чантурија.

 

Десното крило кое во последната сезона го носеше дресот на Металург и кој поседува и македонски пасош, доби понуди од неколку тимови во нашата држава, но на крајот ја прифати понудата на прилепчани, кои во новата сезона ќе бидат предводени од Горан Кузманоски. Чантурија во кариерата настапуваше и за Вардар Про, Пелистер, Макс Струмица и Струга, а сега Прилеп ќе биде најнова дестинација на искусниот крилен ракометар.

 

Претходно прилепчани го ангажираа и грузискиот голман Зураб Цинцадзе.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.