1.143 прекршувања на мерката за носење на заштитна маска, 905 лица се пратени во изолација, а 120 потпишале самоизолација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

И понатаму не се почитува мерката за носење на лична заштитна маска, поради што во изминатото деноноќие регистрирани се 1.143 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

 

Исто така, се зголемува и бројот на оние кои одат во изолација или самоизолација. Во изминатото деноноќие 905 лица добиле решенија за изолација, а 120 лица пак потпишале изјави за самоизолација.

При контрола на лица во изолација и самоизолација полицијата не евидентирала лица кои не ги почитувале овие мерки.

 

Во моментов во државата има 3.239 заразени со ковид-19, а како активни се водат 1.424 лица. Од вирусот починаа 157 граѓани, а 1.658 закрепнаа.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video