Денеска во Прилеп 1 новозаболен од коронавирус и 1 во населеното место Црнилиште, Општина Долнени

Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има еден новозаболен од коронавирус, како и еден во населеното место Црнилиште, општина Долнени. Како последица на коронавирусот, почина 72 годишна жена, жител на Црнилиште, општина Долнени. Од заразната болест оздравеле 4 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 23, од кои 18 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 3 лица позитивни на коронавирус. На 4 лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултати.

 

Во самоизолација се наоѓаат 54 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 30 граѓани им биле изречени прекршочни казни.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.