Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и во јуни

 

 

Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата. Вчера Владата донесе измена на уредбата со која мерката наместо два – ќе трае три месеци, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

 

„Досега доделена поддршка: Април: 21.215 компании и  5.579 самостојни вршители на дејност; Maj: 20.507 компании и 5.579 самостојни вршители на дејност“, наведува министерката на Фејсбук.

 

Додава дека со измени на уредбата, фирмите што ќе користат финансиска поддршка и за месец јуни, наместо до јули ќе мораат да го задржат истиот број вработени заклучно со август.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.