Општина Прилеп: Дрвата кај поранешна „Градска кафеана“ беа со проблематични и со трул корен

 

 

Со изградба на булеварскиот дел на ул.„Прилепски бранители“, оперативно техничките стручни служби на ЈКП „Комуналец“- Прилеп утврдиле две проблематични дрвја со скоро трул корен, со локација кај семафорите пред поранешната Градска кафеана, стои во соопштението на Општина Прилеп, по повод реакциите кај дел од јавноста поради отстранувањето на дрвата.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Според мислењето на стручните служби на јавното претпријатие, дрвјата претставуваат потенцијална опасност за минувачите и материјалните добра, заради што од локалната самоуправа на Општина Прилеп побараа да ја утврди нивната состојба и да издаде Решение за нивно сечење.

На основа на барањето на ЈКП „Комуналец“, четиричлена комисија на локалната самоуправа, формирана од градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, изврши увид при што констатира дека дрвјата се дотраени и дека е потребно нивно сечење.

Од тие причини, со цел отстранување на опасноста по минувачите и материјалните добра, Одделението за комунални работи при ЕЛС Општина Прилеп, на ЈКП „Комуналец“ му издаде Одобрение за нивно сечење“, стои во соопштението.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.