Стопанска банка АД Скопје и општина Крушево привршуваат со работа на детското игралиште на „Гумење“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Привршува реконструкцијата на детското игралиште на „Гумење“ кое беше оштетено и несоодветно за користење на младите. Ова игралиште се наоѓа веднаш до спомен куќата „Тодор Проески“ и истото е санирано со поддршка на општествено одговорната Стопанска банка АД Скопје.

 

„Најпрво, огромна благодарност до Стопанска банка АД Скопје за спроведување на оваа активност и за поддршката која ни ја дадоа во реконструкцијата на ова игралиште. Банката уште еднаш покажа дека е општествено одговорна и дека се труди преку своите активности да отвора можности за младите и да решава проблеми кои се од поширок интерес. Како што се заблагодарувам на Стопанска банка АД Скопје така сакам и да апелирам до моите сограѓани ова детско игралиште заеднички да го одржуваме, да го зачуваме затоа што останува за нас и се што се прави се прави за најмладите, за нашите деца, за сите граѓани на општина Крушево.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

Игралиштето е со нов изглед, безбедно за користење и со подобро уредена околина благодарени на заложбата на општина Крушево и општествено одговорната Стопанска банка АД Скопје.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video