Од коронавирус почина 72 годишна жена, жител на Црнилиште, општина Долнени

Како последица на коронавирусот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина 72 годишна жена, жител на Црнилиште, општина Долнени.

 

Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има еден новозаболен од коронавирус, како и еден во населеното место Црнилиште, општина Долнени.

 

Од заразната болест оздравеле 4 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 23, од кои 18 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 3 лица позитивни на коронавирус. На 4 лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултати.

 

Во самоизолација се наоѓаат 54 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 30 граѓани им биле изречени прекршочни казни.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи