ВИДЕО – Се зголемува бројот на заболени од замастен црн дроб – Во Прилеп одбележан Интернационален NASH Ден

Денеска во Прилеп за прв во Македонија се одбележува т.н. Интернационален NASH Ден, односно неалкохолно заболување на замастен црн дроб. Бројката на заболени од замастен црн дроб секојдневно рапидно се зголемувала, а причина е нездравиот начин на живот, начинот на исхрана и немањето на физичка активност. Според лекарите ваквата состојба најчесто не дава симптоми, па многу од случаите се смета дека сеуште не се дијагностицирани. Матичните лекари и при најмал сомнеж требало да го препратат пациентот до повисоки  истанци, но и тука имале проблеми.

 

 

Затоа тука се могу битни систематските прегледи кои ние ги работиме ии анализите кои ги добиваме тука, се што ни е и малку сомнително, ние тоа треба понатаму да го проследиме и навреме да го испитаме и да го дијагностицираме. Тоа е тука нашата главна улога како матични лекари. И понатаму треба фактички ние да ги спроведеме пациентите низ здравствениот систем за да сии дојдат до точната дијагноза. Значи треба да им закажеме што во овие услови и не е така лесно. Немаме ни доволно специјалисти, немаме ниту доволно терминии. Ние со тој проблем како матични лекари секојдневно се среќаваме, немаме термини за да го препратиме пациентот. Секако тоа зависи и од ажурноста на интернистот. Ние можеме да го упатиме до интернист, а тој треба да го препрати на Клиника за гастроентерохепатологија каде треба каде што дефинитивно ќе му биде поставена дијагнозата“, изјави Македонка Зероска, специјалист по семејна медицина.

 

Според некои статистики над 25% од светската популација е засегната од ова заболување. Во Македонија официјална статистика нема, но се претпоставува дека не е далеку од бројката на светско ниво. Лек нема и засега единствено решение е начинот на живот.

 

Така што би имале богат појадок, нормален ручек и скромна вечера. Треба да се знае дека сите шеќери, вклучително и оние здравите, како на пример од овошјето, кои навечер нема каде да се потрошат, се складираат како масти или гликоген. Да се планиранраат оброците во текот на денот со цел да се спречи прегладнување и посегнување по брза и нездрава храна. Секојдневно да се јадат по пет порции на свежо овошје и зеленчук во сите бои на виножитото. Да се преферира домашно подготвена храна наспроти индустриска храна која содржи скриени масти и шеќери. Домашната храна да биде најчесто варена или печена, да не се приготвува предолго, да се одберат оброци кои се подготвуваат термички за пократко време“, додаде Елена Мирческа, нутриционист и фитнес тренер.

 

За зголемување на бројот на пациенти со ова заболување придонесувала и целата состојба со корона вирусот.

 

Бројот на пациентиите се зголемува. Оваа ситуација со пандемијата сега која што моментално е актуелна дополчнително доприинесува за зголемување на бројот на пациенти поради тоа што физичка активност луѓето имаат многу малку, а за сметка на тоа се хранат многу пообилно и многу понездраво“, рече Билјана Мирческа, претседател на НВО СЛАП.

 

Неидентификувани и нетретирани пациенти со NASH може да имаат сериозни исходи, вклучувајќи цироза и добивање на карцином на црниот дроб.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.