ВИДЕО – Стојкоска: Доследно да ги почитуваме мерките за лична заштита, заедно можеме и ќе го победиме вирусот

 

 

Од нашата дисциплина во почитувањето на мерките за заштита на личното и јавното здравје, зависи колку долго ќе трае битката против коронавирусот, изјави на денешната прес конференција Мартина Стојкоска, портпарол на ОО СДСМ – Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Влегуваме во клучниот период од борбата против коронавирусот. Ова е моментот кога сите треба да дадеме максимум за да се воспостави контрола врз вирусот.

 

Да не забораваме дека вирусот е тука и е опасен, иако е јасно дека неговата вирулентност опаѓа, затоа што во последниот период многу мал број граѓани имаат симптоми од заразата.

 

Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, постојано и доследно да ги почитува мерките за заштита од вирусот Ковид-19

 

Да носиме маска или друга заштитна опрема, со која ќе ги заштитиме носот и устата. Да одржуваме физичка дистанца од луѓето околу нас и да не се групираме. Да вршиме редовна дезинфекција во домовите, а особено на работните места и површини.

 

Мораме да ги почитуваме овие мерки. Но, и да им укажеме на нашите роднини, пријатели, колеги дека и тие треба да го прават истото.

 

Само на овој начин ќе го заштитиме сопственото, но и здравјето на нашите најблиски.

 

Во периодот којшто е пред нас, вака ќе пазариме, ќе одиме на работа, ќе ги посетуваме кафулиња, рестораните и ќе можеме да функционираме. Ако строго се почитуваат мерките за заштита, тие даваат резултат.

 

На истиот начин, според мерките и протоколите за заштита од коронавирусот , можеме да имаме безбеден и успешен изборен процес.

 

Избори на кои ќе го вратиме легитиметот на институциите и уште подобро ќе се справиме со економските и здравствените последици од вирусот.

 

Заедно можеме и ќе успееме!“, кажа Стојкоска.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.