Еден новозаболен од коронавирус во Прилеп, двајца во Општина Долнени и еден во Пласница

Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има еден новозаболен од коронавирус, двајца во општина Долнени и еден во Пласница. Од заразната болест оздравеле 6 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 24, од кои 16 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 4 лица позитивни на коронавирус. На 3 лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултати.

 

Во самоизолација се наоѓаат 54 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 25 граѓани им биле изречени прекршочни казни.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.