Тачи: Албанец за премиер на Македонија е тешка манипулација

 

 

Идејата на Али Ахмети за премиер Албанец е „тешка манипулација и лидерот на ДУИ го прави тоа, бидејќи се наоѓа во позиција на мртов агол”, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Тој повика ДУИ да не си игра со емоциите на Албанците во Северна Македонија.

 

„Тешка манипулација со емоции на луѓето со емоциите на Албанците. Ахмети имаше 18 пратеници и беше 10 години на власт со Никола Груевски. Дволично купување на политики поени за НАТО и Преспанскиот договор, бидејќи да имаше јасни определби, тоа ќе го направеа 2003, 2008 година. Мислам дека на Ахмети му е јасно дека се наоѓа во „мртов агол” и не може од тука да избега и сега како што пред 19 години им рече на Албанците дека ги ослободил и од тоа условно ослободување ние имавме неколку стотици мртви, неколку илјади куќи урнати и милијарди евра и долари штета во економија. Уште еднаш мисли дека така ќе успее да собере гласовите на Албанците“, рече Тачи.

 

Тој додаде дека ДПА со години има идеја за заменик-премиер Албанец, што според него е етички, правно и политички коректно, наместо предлогот на Ахмети.

 

Извор: РадиоСлободнаЕвропа

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.