Антикорупциска: Пари добиле и стабилни фирми, предмет на испитување и Анѓушев

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Државната комисија за спречување на корупција отворила предмет за првиот сет економски мерки и побарала од Владата документи и податоци за тоа кој добил, а кој бил одбиен и зошто, информираше на денешната прес конференција претседателката на ДКСК,  Билјана Ивановска.

 

Оваа владина мерка, според антикорупционерите, ја искористиле и фирми кои се во добра финансиска состојба. Предмет на истрага на комисијата е и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

 

„Тоа е веќе предмет на истражување, ние доставивме барање за податоци за првата мерка каде што приматели на државната помош беа и фирми кои беа во добра финансиска кондиција кои се појавија како баратели на помошта, од една страна, а од друга страна пак, добивме пријави од други фирми кои беа одбиени. Во функција на расветлување на случајот и да се видат сите факти и аргументи, ние до Владата доставивме барање за потребните податоци, и за овој аргумент плус дека тој како советник може да влијае во утврдувањето на критериумите за мерките, за после од другата страна да се јавува како корисник на истите. Затоа што веќе го видовме во една ситуација кога учествуваше во донесување на одлука на Влада, каде што понатаму, бенефитите ги имаше неговата фирма. Во таа насока би одело разгледувањето на предметот“, рече Ивановска.

 

Во меѓувреме таа соопшти дека ќе бараат одговорност од раководството на Централниот регистар бидејќи од ИВЗ пет години наназад не е поднесена завршна сметка а ракодовството не превзело ништо околу очигледното кршење на законите и процедурите.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи