Пендаровски: Нема нова вонредна состојба, партиските лидери да се договорат за датумот за избори

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема потреба од нова вонредна состојба, бидејќи Владата не доставила формално барање за воведување на нова вонредна состојба, затоа што од здравствен и економски аспект ги спровела мерките.

 

„Последните денови во јавноста се наметна дилемата дали е можно воведување вонредна состојба само на барање на Владата или и претседателот може самиот без предлог од Владата да прогласи вонредна состјба. Во тој дел Уставот е јасен. Претседателот на државата може и без барање од Владата да прогласи вонредна состојба. Меѓутоа тоа никогаш не го направив затоа што бев и се уште сум убеден дека во ниеден политички контекст една институција, која и да е, не смее да ги изолира останатите институции при носењето сериозни одлуки. Затоа имајќи ги предвид причините поради кои ги прогласував досегашните вонредни состојби сметам дека во вој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба“, рече претседателот Пендаровски во денешното обраќање до јавноста.

 

Според Пендаровски ниту една вонредна состојба до сега не била прогласена заради полициски час, карантин, кризна состојба, број на заболени или починати од корона вирусот, туку со цел Владата да може да донесува уредби со законска сила кои се однесуваат на економската и здравствената сфера, бидејќи немаме функционален парламент.

 

„Сакам да нагласам дека споредбите што се прват меѓу претходните војнредни состојби и бројот на тогаш заразени и починати и на актуелните бројки на заразени и починати се без основа затоа што ниту една вонредна состојба не беше воведена од тие причини. За мерките од типот полициски час, карантин и кризна состојба на дел или на целата територија постои законска регулатива и воопшто нема потреба да се воведува вонредна состојба за да се применуват тие мерки“, истакна шефот на државата.

 

Пендаровски во своето обраќање се осврна и на изборите, за кои рече дека се неопходни заради функционален парламент како и легитимна, а не техничка Влада.

 

„Знам дека нјаголемиот број наши грашѓани не размислуваат за избори во време кога имаме пораст на заболени, но избори и во време на корона, која нема да замине наскоро, се неоопходни за да добиеме функционален наместо распуштен парламент и легална и легитимна наместо техничка влада“, потенцира Пендаровски.

 

Додаде дека ќе ги повика лидерите на лидерска средба, со цел да се усогласи датумот за одржување на изборите.

 

„Власта и опозицијата се согласни дека на изборите мора да има набљудувачка мисија од ОБСЕ/ОДИХР, дека ДИК во осработка со Комисијата за заразни болести треба да изготви посебни протоколи за безбедно гласање на граѓаните и безбеден престој во просториите за гласање на членовите на избирачките органи, и домашните и меѓународните набљудувачи. За жал, власта и опозицијата битно не ги приближија своите ставови за датумот на изборите“, истакна Пендаровски.

 

Пендаровски досега прогласи четири вонредни состојби, две по 30 и две по 14 дена. Последната вонредна состојба беше прогласена на 20 мај и истекува в сабота утре – 13 јуни.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи