Чадамов: Цела ботаничка градина излегува од асфалтот кој е едвај со 5 цм. На ул. „Гога Димитриоски” во Варош

Цела ботаничка градина денеска излегува на површина од асфалтот кој е едвај со 5 центиметри дебелина на улицата „Гога Димитриоски” во населбата Варош, за која во септември минатата година Јованоски и СДСМ се пофалија дека целосно ја асфалтирале. Истакна денеска на прес конференција Тони Чадамов, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

„Го прашуваме градоначалникот: Дали оваа година одново планира да ја асфалтира истата оваа улица? Дали дел од милионските суми со кои се расфрлаат пред јавноста завршуваат во нечии приватни џебови? Ќе имаат ли воопшто срам да се појават пред граѓаните после ваков несериозен и расипнички пристап во работењето и расфрлањето на народните пари? Ова е уште еден класичен пример за тоа како Јованоски ги троши и се расфрла со парите на граѓаните“, додаде Чадамов, кој рече дека за сите вакви така наречени проекти ќе следувала одговорност за Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи