Тешко повреден 74-годишен велосипедист од Прилеп

 

Полицијата соопшти дека вчера во 16.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Крушево, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(21) од с.Воѓани, Прилепско, удрило во велосипед, управуван од С.Б.(74) од Прилеп.

 

Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.