Денеска во Прилеп двајца новозаболени од корона, бројот на активни случаи изнесува 20

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска во општина Прилеп има двајца новозаболени и двајца оздравени пациенти од коронавирус. Бројот на активни случаи изнесува 20, од кои 12 се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 4 лица позитивни на коронавирус. Во самоизолација се наоѓаат 73 лица, а заради неносење заштитни маски, во деновите од викендот на 48 граѓани им биле изречени прекршочни казни.

 

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека вкупниот број на инфицирани лица од почетокот на пандемијата изнесува 229, бројот на оздравени е 190, а извршени се околу 2.000 тестирања.

 

Како последица од коронавирусот, во општините кои ги покрива Центарот за јавно здравје – Прилеп, починале 19 лица.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video