Избори на 15 јули – партиите постигнаа согласност за датумот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 15 јули, соопштија предмалку лидерите на двете најголеми партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Начелниот договор е да се гласа три дена со продолжено време.

 

Изборите ќе бидат во среда што ќе биде неработен ден, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференцијата од партиското седиште што се одржа попладнево.

 

„За да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како последен датум за избори. Денеска повторно разговарав со Мицкоски и тој ми потврди дека е согласен да учествува на избори на 15 јули. Изборите ќе бидат во среда, кој ќе биде неработен ден. Потребно ни е активно Собрание, потребна ни е комплетно функционална политичка влада, пред сè, за граѓаните, а потоа и на власта и на опозицијата. Само на тој начин може подготвени да ја дочекаме есента. Поголема криза од оваа не може да издржиме со техничка влада и без Парламент“, нагласи Заев.

 

Се огласи и Христијан Мицкоски, според кого двата услови кои биле побарани со цел ВМРО-ДПМНЕ да учествува на изборите биле прифатени.

 

„На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните. Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив!“, рече Мицкоски.

 

Планот е гласањето да трае три дена: на 13 и 14 јули би гласале болните, изнемоштените и оние кои се позитивни на коронавирусот или се наоѓаат во карантин или самоизолација. Гласањето на изборниот ден-15 јули, кој ќе биде неработен за сите граѓани, би траело од 7 часот наутро до 21 часот вечерта.

 

Но со цел да се промени датумот за изборите, односно истите да бидат закажани за 15 јули, претседателот Пендаровски треба да прогласи нова вонредна состојба, со цел Владата да донесе нови уредби со кои ќе се регулираат детали околу гласањето.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video